Бизарен обичај: Кејт и Вилијам на крштевката на синот послужиле торта стара 5 години!

Англиското кралско семејство, принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, пред неколку денови го крштеваа својот најмлад син, принц Луис.

Тие организирале приватна прослава во кругот на семејството и најблиските пријатели, а Луис имал дури шест кумови. Неговиот постар брат, принц Џорџ имал седум, а принцезата Шарлот имала пет кумови на својата крштевка.

Сепак, она што го привлекло вниманието на јавноста е тортата од осум спратови. Интересен детал на оваа торта е тоа што еден спрат бил дел од тортата од венчавката на Кејт и Вилијам која се одржа пред повеќе од пет години.

Во Британија ова е традиција, па дел од тортата од свадба се чува и служи на крштевањето на наследникот, но веруваме дека овој обичај не е омилен помеѓу гостите.




Коментари

коментари