Категории

Благодарноста е она што го прави твојот живот поубав и повреден

Започни да го користиш зборот „благодарам“ и ќе забележиш како твојот живот почнува да се менува.

Одеднаш се пронаоѓаат нови решенија за старите односи и искуства за кои си мислел дека засекогаш се завршиле. Почнуваш да ја разбираш реалноста подлабоко и сфаќаш дека имаш се што ти е потребно. Излегуваш од менталитетот на жртва и сфаќаш дека не си опкружен со непријатели кои се обидувале да го уништат твојот живот, туку луѓе кои би дале нешто од себе за да го направат твојот живот малку подобар.

Благодарноста одеднаш го расчистува талогот од негативните чувства кои си ги собирал на дното на твоето битие. Само една мисла, еден збор имаат моќ да прочистат се она кое со години те труело и загадувало. Сфаќаш дека не си само посетител на ова време туку и дека си повикан да превземеш улога во создавањето на подобри околности за себе.

Некои врати веднаш почнуваат да се отвораат. Имаш сила да си кажеш на себеси „Ќе издржам уште малку и колку да ми е тешко“. Почнуваш да се чувствуваш посигурно затоа што сфаќаш дека позади сето тоа се наоѓа некој кој се обидува да го обликува овој свет по некоја подобра визија.

Кога ќе почнеш да чувствуваш благодарност, ќе сфатиш дека не си бескорисен. Почнуваш да ја откриваш својата улога во овој свет. Почнуваш да ги пронаоѓаш целите и да бараш оправданија за да можеш да ги оствариш. Благодарноста е она што го прави твојот живот поубав и повреден.

Прегледи:
563
Објавено на:
06.12.2020