„Благословен да биде оној крај кој доаѓа по добриот живот“: Шпански изреки кои треба да ги запаметите!

Ова се некои од најпознатите шпански изреки кои треба да ги запомните!

Кој сака да пее, секогаш ќе најде песна.

Добар пријател се познава на тесен кревет и широк пат.

Честа и користа не живеат под ист покрив.

Кој му прогледува на лоповот низ прсти, и самиот е лопов.
И добриот човек и добриот коњ луѓето го јаваат.

Честа и паричникот не го давај во рацете на млада жена.

Потцени го својот непријател, па бргу ќе бидеш победен.

Да љубиш, а да не бидеш сакан е исто како да озборуваш, а да не те прашале за мислење.

Кога глупоста би била болка, од секоја куќа би се слушале крици.

Запомни го советот на оној кој те сака, па макар ти изгледа и лош.

Невозможно е да сакаш и да бидеш разумен.

Оние кои малку знаат, брзи се на јазик.

Плашливата љубов не е љубов.

Никогаш не ги советувајте луѓето да одат во војна или да се женат.

Подобро со добар човек да крадеш, отколку со злобен да се молиш.

На оној кој има добра жена, не може да му се случи зло кое не може да го поднесе.

Роднините ти се онакви какви што ти ги дал Бог, а пријателите се онакви какви што сам си избрал.

Раните се лечат, но не и злобните зборови.

Слушни што говорат за другите и ќе знаеш што говорат и за тебе.

Благословен да биде оној крај кој доаѓа по добриот живот!




Коментари

коментари