Блескава и мазна кожа без разлика на годините: Методот на најпознатите светски ѕвезди отсега достапен и кај нас!

Негата на лицето е од основно значење за убавината на секоја личност. Понекогаш тоа не го сфаќаме премногу сериозно, особено во раните години кога се чини дека кожата засекогаш ќе ја задржи еластичноста и отпорноста на брчки. Меѓутоа, реалноста е сосема поинаква. Колку порано започнете да се грижите за вашата кожа, толку поголем ќе биде и ефектот од негата и третманите врз неа.

Сигурно многупати досега сте се запрашале како успеваат светски познатите личности да имаат толку совршена кожа дури и во поодминати години и дали навистина е возможно годините да не остават белег врз неа?

Одговорот е многу едноставен. Не постои  магично стапче со чија помош се задржува младелашкиот изглед на кожата, но затоа постои нешто еднакво ефикасно – PRP третман, познат како Дракула или Вампирски третман во чии благодети имате можност да уживате во добро познатиот Anti Aging Center by Promoitalia, првиот од овој вид во Македонија и единствениот носител на брендот Promoitalia на Балканот.

Дракула PRP третманот е моќен третман против стареење кој вклучува употреба на мало количество од сопствената крв. PRP подразбира одвојување на клетки и протеини кои се наоѓаат во крвта и нивно вбризгување во кожата. На тој начин се подобрува обновувањето на кожата и поткожното ткиво. Дел од крвта по кој методата го добила своето име е PRP (Platelet Reach Plasma) или во превод – плазма богата со тромбоцити. Со оваа постапка на природен начин се поттикнува регенерацијата и подобрувањето на ткивото на лицето, се намалуваат брчките и се подобрува тонусот на кожата на лицето и на останатите делови на телото. Во PRP-то, покрај тромбоцитите се наоѓаат и факторите на раст и вашите матични клетки, кои понатаму го стимулираат процесот на обновување.

PRP третманот во Aging Center by Promoitalia му помага на телото да заздрави побрзо и поефикасно. Овој третман не само што е исклучиво ефикасен против процесот на стареење, туку има и поширока примена во медицината, вклучувајќи ги и третманите против губење на косата и спортски повреди.

Покрај овој третман, Aging Center by Promoitalia располага со бренд кој нуди најразлични третмани и најсовремена апаратура со долга традиција, загарантирана професионалност и неинванзивни медицински, естетски третмани, како и патентирани технологии, за кои професионалните специјалисти имаат добиено специјален тренинг во Милано.

Aging Center by Promoitalia секојдневно ги поместува границите во стандардите за убавина и нега, одржувајќи ја вашата убавина на највисоко ниво. Заборавете на сите грижи околу несовршеностите на вашето лице и тело и чувствувајте се удобно во својата кожа во вистинска смисла на зборот.




Коментари

коментари