Категории

Блескаво лице без фотошоп: Со едноставни совети до беспрекорен тен

Доколку сонувате за лице без неправилности, мора да знаете дека не сте далеку од совршено лице и дека само со неколку совети вие можете да имате кожа која ќе блеска.

Најпрво е важно да знаете дека хидратацијата не е измислена приказна, туку навистина функционира. Тоа значи вода, вода и уште вода. Во текот на денот е доволно да испиете само осум чаши вода. Тоа ќе му помогне на вашиот организам да се прочисти, а неправилностите кои постојат на кожата ќе станат само лошо сеќавање.

Исто така водата ја хидрира кожата и ја прави еластична. Поради тоа, вашата кожа на лицето ќе биде нежна и ќе ја заштитите од предвремено стареење.

Чистење и хигиена

За ова не ви се потребни посебни козметички третмани, доволно е еднаш месечно да го изложите лицето на пареа. Откако ќе го направите тоа, измијте го со ладна вода, а потоа нанесете маска. Маската може да ја купите и да ја изберете според типот на кожата или да ја направите од состојки кои ги имате во кујната. Потоа нанесете крема.

Она што исто така е многу важно е лицето да не го допирате со раце и предмети, кои се полни со бактерии и прашина која може да доведе до запушување на порите и создавање на акни. Еднаш неделно менувајте ги навлаките на перниците бидејќи и тие бргу се валкаат.

Козметика и нега

Кога станува збор за козметиката, таа не мора да биде скапа, но пожелно е да биде природна, едноставна, чиста. Кога купувате козметика водете сметка да не содржи некои состојки како што е алкохол или било која друга супстанца која е тешка за кожата. Мицеларна вода за чистење, маска еднаш неделно и крема соодветна за вашата кожа. Се препорачува во текот на есента и зимата да се користи малку помасна крема и восок кои можете да ги набавите во локалната аптека.