Категории

Близначиња се родија во различни години

Хоакин и Аитана се близнаци кои се родија во различен ден, различен месец и различна година. Едното дојде на овој свет на 31 декември 2017, додека другото на 1 јануари 2018 година.

Нивната мајка требала да се породи на 27 јануари, но породилните болки започнале порано. Хоакин се родил само две минути пред Новата година, додека Аитана дошла на овој свет 18 минути подоцна.

Иако се родиле неколку недели предвреме, близначињата се во добра здравствена состојба. Момчето се родило тешко 2,5 кг, додека девојчето тежело 2,1 килограм.

 

Прегледи:
319
Објавено на:
06.01.2018