Бог е секогаш со нас, и тогаш кога мислиме дека не напуштил!

„Понекогаш не можеш да го препознаеш Бог, но во стварноста тој е секогаш тука!“

Еднаш, еден мудрец му рекол на својот духовен син: „Стави ја оваа сол во водата и утре дојди повторно кај мене!“

Младото момче направило како што му било кажано. Следниот ден мудрецот му рекол : „Донеси ја солта која вчера ја стави во водата!“
„Но не можам, се растопи.“, одговорил ученикот.
„Пробај ја водата од оваа страна на садот“, му рекол мудрецот „Каков вкус има?“
„Солена е.“, одговорил ученикот.
„Напиј се уште една голтка од средината! Каков и е вкусот?“
„Солена е.“
„Пробај и од другата страна на садот. Каков вкус има?“
„Солена е..“
„А сега истури ја водата“, му рекол мудрецот.
Ученикот направил како што му било кажано и по некое време забележал откако водата испарила како солта повторно се појавила. Тогаш мудрецот му рекол:
„Понекогаш не можеш да го препознаеш Бог, но во стварноста тој е секогаш тука!“

Со своето воскреснување, Исус е секогаш со нас, не не напушти, туку после смртта се врати кај нас за да остане со нас засекогаш.
„Јас сум со вас се до завршувањето на светот!“, рекол Исус.




Коментари

[fbcomments]