Бог има совршен план за секој од нас – Во животот ништо не е случајно

Една жена раскажува за нештата во животот кои ни се случуваат, и колку ништо од тоа не е случајно..

Толку пати сум го чула она клише за запознавањето на вистинската личност, во вистинско време. Дека се се случува тогаш кога што е судено и потребно е само да се верува во добрите нешта и тие ќе се случат и дека некое внатрешно чувство ќе ни каже кога одлуката е вистинска.
Овој „рецепт“ за среќа со години ме иритираше и за мене тие зборови немаа никаква смисла.

Како да знам дека сум ја пронашла вистинската личност, работата за која сум сонувала целиот живот итн?

Живеев просечно, запознавав секакви луѓе, се дружев, се забавував и раскинував, се вработив и дадов отказ, правев грешки и продолжував понатаму. Меѓутоа, никогаш немав чувство дека правам нешто добро, нешто кое ме усреќува.

Сето тоа траеше точно до мигот кога се родија првите сомнежи. Првите ноти на тешкотијата во моето срце и душа. Точно то тој миг кога сфатив дека целов време се движам во круг. Не чувствував нити задоволство, нити радост. Еден ден ми се јави помисла и одлучив животот да го претворам во нешто добро. Но имаше само едно прашање: „Како?“

Уште од раното детство ме учеа дека вистинските нешта сигурно ќе дојдат. Луѓето на кои се угледував, беа уверени дека во никој случај не смеам да се задоволам со мали нешта.
Тоа значи дека во животот треба да ги пуштаме само оние луѓе кои ни се слични, кои го извлекуваат само најдоброто од нас, кои не мотивираат. Да ги бираме само оние работи кои го исполнуваат нашето срце. Да одиме напред и да не гледаме назад кон минатото.

Постојано ме потсетуваа дека БОГ ИМА ПЛАН, А МОЈАТА РАБОТА Е ДА МУ ВЕРУВАМ ВО ПОТПОЛНОСТ и дека ќе ги пронајдам мирот и хармонијата дури кога ќе се откажам од себичните желби.

На почетокот овој совет го сфаќав доста погрешно. Мислев дека баш секоја личност која ќе влезе во мојот живот е онаа вистинската и дека е тука со причина. Меѓутоа, тоа не е така. Бог ни испраќа различни луѓе и ситуации. Некои се исправни, а некои се тука за да не научат на нешто. На нам ни останува да ги правиме точните избори.

Мислев дека доколку се потрудам ситуацијата ќе се промени, дека пријателите ќе станат подобри, но тоа е далеку од вистината.
Кога покрај вас е вистинската личност, било да е пријател или партнер, тоа ќе го почувствувате. Кога ќе почувствувате неверојатна смиреност, ќе почувствувате како да ве води виша сила.
Истовремено се раѓа внатрешна самодоверба дека сте на вистинскиот пат со вистинската личност. Единствено ситуациите кои предизвикуваат вакви чувства во вас се оние на кои треба да трошите време и да давате од себеси.

Големата вистина е: Ако нешто е во ред, не само што ќе го почувствувате тоа, туку и сигурно ќе го знаете. На вашиот пат ќе има прекрасни откритија и горчливи разочарувања. А вашата задача е да почувствувате што е исправно, а што не е. И најважно: повторувајте го како мантра тоа дека порано или подоцна она што е ваше ќе дојде.

Кога ќе го пуштиш Бог во своето срце, се открива вистинската убавина на се, без оглед на тоа што ќе допреш.
Сега она старо клише „Ако нешто е во ред, ќе почувствуваш“ – станува многу појасно.

Сите ние лутаме со години во потрага по она „вистинското“, често прифаќајќи и помалку од она кое го заслужуваме, наместо уште од самиот старт да донесеме исправни одлуки.
Можеби никогаш не би знаела да го ценам доброто ако со години не сум правела погрешни избори. Можеби сето тоа било дел од мојот животен пат и некој вид лекција која ме научила на благодарност.

Бог има совршен план за секој од нас и секогаш не води кон целта, а колку ќе лутаме до таа цел зависи исклучиво од нас самите. На тој пат ќе наидуваме на препреки и шанси. Од нашите избори и верба во подобро утре зависи колку ќе ни е потребно за да стигнеме до врвот.




Коментари

[fbcomments]