Категории

Бог никогаш не доцни: Во животот се се случува со причина и во вистинско време

Во животот се се случува во оној момент кој е предвиден за тоа. Кога ќе го прифатите тој факт, животот ќе ви стане полесен и поопуштен.

Никој од нас не може да претпостави што ни донесува наредниот ден. Божјите планови му се познати само нему. На на нам ни преостанува секој ден да го искористиме максимално и да уживаме во него најмногу што можеме.
Толку сме опседнати со проблемите што не издвојуваме ни пар минути време да се помолиме и да му се заблагодариме на Бог за се што имаме во моментот. Луѓето во главно се сосредоточени на она негативното и никогаш не пронаоѓаат време да се заблагодарат за сето добро што им се случува во животот.

Таква е природата на човекот. Кома му е се по волјата, тој заборава на Бог. Пред заминување во кревет, по драго ни е да гледаме фотографии на социјалните мрежи, да читаме трачеви за ѕвездите, но не и да пронајдеме време за она најважното.
Во оној момент кога ќе ни се случи некоја неволја, се сеќаваме на Бог. По правило, човек се врти кон религијата тогаш кога ќе наиде на некој проблем. Кога ќе ја загубиме работата или некој наш близок е болен. Во ситуациите кога не знаеме што понатаму, се вртиме кон Бога.
Кога ќе доживееме некое одбивање иако сме правеле се како што треба, следи прашањето зошто тоа ни се случило нам. Обично не мачат прашањата каде сме згрешиле, дали е наша вина. Единствениот одговор на тоа е дека Бог има свој тајминг. Ако нешто не оди по планот, тоа е затоа што моментално не е вистинско време за некои желби да бидат остварени.

Факт е дека за остварувањето на целите постои вистински тајминг.
Затоа наместо да тагувато за она што не се остварило, прифатете ја ситуацијата како таква и продолжете понатаму.
Во природата на човекот лежи тоа да сака се одеднаш, но гледајте на тоа на овој начин: одлагањето на некои работи всушност не штити од некои лоши. Тоа што е судено ќе се случи порано или подоцна, а она што не е запишано во судбината е подобро никогаш да не се реализира.
Наместо да трчање по нешто за кое не сте спремни, подобро е да бидете трпеливи и да му верувате на Бога.

Кога гледате некој филм, не почнувате од крајот, така е и во животот Тој е патување а не дестинација!

Прегледи:
434
Објавено на:
17.09.2019