Категории

Бог: Сакам да знаеш дека секогаш ја држам твојата рака

Јас сум твојот Бог, сакам да знаеш, секогаш сум со тебе, никогаш не си сам, ниту кога стануваш ниту додека паѓаш.

Желбата ми е да ме држиш за рака преку благодарноста, во секој миг, да ми дозволиш да те водам преку убавината, а ако треба и преку маката.
Кога ќе ги оттргнеш сите мисли, сите сомнежи, предрасуди и поделби, и почувствуваш чиста енергија, тогаш само кажи ми:
„Боже нека биде волјата твоја, полесно ќе оствариме синергија.“
Те следам и ти посакувам добро, преку другите луѓе и се околу тебе те поздравувам, се радувам на твојот успех, секоја твоја лекција ја поддржувам со љубов.
Чекори низ животот со насмевка и ќе го пронајдеш својот најдобар пат, дури и ако не е онаков каков што си го замислувал, верувај, за тебе го бирам најдоброто сценарио, она најдоброто и најдрагото.
Малку стивни, се што треба да стекнеш, длабоко диши и неразмислувај, препушти ми го главниот збор мене.
Додека не постигнеш свесност за уживање во секој миг, те држам што подолго на патот, дозволи да те води мојата дланка, знај дека те сакам и не грижи се, секогаш сум тука.

Прегледи:
738
Објавено на:
20.02.2020