Ние сме богати, а вие сте љубоморни: Децата милионери повторно го провоцираат обичниот народ на Инстаграм

Младите милионери сметаат дека е сосема идентично кога тие објавуваат фотографии на Инстаграм и кога тоа го прават „обичните“ луѓе.

 

Богатите деца на Инстаграм веќе долго време го привлекуваат вниманието на јавноста, а особено нивните посети во најгламурозните градови, раскошни ресторани и новата луксузна гардероба. Младите милионери истакнуваат дека луѓето сакаат да ги мразат, затоа што сметаат дека се фалат со својот живот на висока нога.


Меѓутоа, тие го негираат тоа со аргумент дека само поставуваат фотографии на социјалните мрежи како и сите други.

„Мислам дека не треба да ме осудуваат поради тоа што сум објавил слика на која јадам кавијар во Лондон, додека е сосема во ред кога некој друг објавува фотографија од Мекдоналдс“, рекол 22-годишниот Ендру Варен, наследник на царство на недвижнини во Њујорк.


Тој уште се фали и со зборовите дека „сите негови пријатели исто така имаат многу пари“.


„Мојот омилен наслов на Инстаграм би бил „лимонада, лимонада“. Тоа е она кога другите луѓе се љубоморни или „гледаат кисело“ кон она што ние го правиме, па тоа е како лимонада“, додал младиот наследник.


„Кога сте во позиција да можете да земете се` што ви дава животот, само треба да го направите тоа и да живеете со полни гради“, рекол 26-годишниот Томер Сор од Израел, кој своето богатство го стекнал на берза.


И останатите богаташи слично реагираат на „хејтерите“ на социјалните мрежи и покажуваат што мислат за сите кои не го одобруваат она што тие го прават.




Коментари

коментари