Богати со витамини – Кивите се потврден извор на здравје

Во студените зимски денови, кога епидемијата на грип е присутна, намирниците богати со витамини и други хранливи состојки имаат исклучителна важност.

За овошјето се знае дека е вистинска ризница на витамини, а кивите се меѓу најздравите, истакнуваат нутриционистите. Во себе содржат витамини од групата Б, но и витамини од А и Ц. Од други состојки во завидни количини поседуваат и нијацин, калциум и железо.

Кивите се одлични за идните мајки, бидејќи витамините од групата Б помагаат за правилен развој на плодот. Благодарение на калиумот се регулира крвниот притисок, додека ризницата на лутеини го штити видот. Кивите е најдобро да се јадат секојдневно во свежа состојба, по можност во поголеми количини.

Освен што ги зголемуваат одбрамбените способности на организмот, го намалуваат и холестеролот, а ги неутрализираат слободните радикали.




Коментари

коментари