Категории

Бојата на косата го открива здравјето?

Гените кои го создаваат пигментот во косата ги регулираат и другите процеси во телото, па така, црвенокосите жени се почувствителни на болка, а црните треба редовно да ги проверуваат хормоните.

Црвена коса

Жените кои имаат природно црвена боја на косата се осетливи на болка, така што при секоја посета на стоматолог им се препорачува да се напјат некоја таблета против болка. За да биде ситуацијата покомплицирана, црвенокосите жени истовремено се поотпорни на локална анестезија, која за да биде делотворна треба да се зголеми за 20%. Исто така истражувањата покажале дека овие жени имаат зголемен ризик за добивање на Паркинсовата болест. Меѓу луѓето се зборува и дека црвенокосите жени се најстраствени љубовници, но, за тоа нема генетски потврди.

Жолта коса

“Блондинките” по својата генетска структура создаваат помалку меланин, што предизвикува послаба пигментација на косата и кожата. Поради тоа се исклучително осетливи на сончевите зраци и имаат најголема опасност за добивање на рак на кожа. Тие треба секојдневно да внесуваат зеленчук. Сончевите УВ зраци исто така се опасни и за видот на плавушите затоа што можат да предизвикаат низа деформации.

Смеѓа коса

Бринетите најчесто се подложни на опаѓање на косата предизвикано од хормонални пореметувања и недостаток на железо. Бринетите се најсклони да станат зависни од никотин. Според некои истражувања, меланинот кој дава темна боја на косата е поврзан и со метаболизмот на никотинот во јетрата, што како последица доаѓа до подолго останување на никотинот во организмот.

Црна коса

Најмал број на жени се со природна црна боја на косата, тие се поретки дури и од црвенокосите жени. Еден од здравствените проблеми кој се поврзува со оваа боја на коса е неврамнотежените надворешни хормони, кои можат да резултираат со пореметување на работата на јајниците, ендиометриоза, полипи во матката или преран климакс.

Прегледи:
455
Објавено на:
02.10.2017