Категории

Бојата на очите открива каков карактер има вашиот партнер

Следен пат кога ќе погледнете некој маж, обрнете внимание на бојата на неговите очи, бидејќи тоа може да ви даде најдобар увид во тоа што може да го очекувате од него.

Сини очи

Оваа боја на очи се поврзува со младост и невиност. Мажите со потемно сини очи се страствени, а оние со светло сини укажуваат на помирна природа. Луѓето со сини очи се помалку агресивни и имаат пониско ниво на самодоверба. Но, тоа не значи дека светлите и синооки мажи се послушни. Всушност, тие умеат да кокетираат со многу добро разработена стратегија. Момците со сини очи преферираат и девојки со сини очи.

Кафеави очи

Според истражувањето во еден универзитет во Прага, мажите со кафеави очи се понежни и поверни од било кои други. Најчестата боја на очи исто така е поврзана со предаденост, но и самодоверба, одлучност. Затоа и не е зачудувачки фактот дека поголемиот дел од успешни и богати луѓе имаат кафеави очи. Интересен е податокот и дека мажите со оваа боја на очи повеќе спијат од останатите и тоа во просек два часа повеќе и имаат проблем со расонување.

Зелени очи

Оваа боја на очи е далеку поретка отколку сината и кафеавата, така што на мажите со зелени очи се гледа како на мистериозни личности. Нивната енергија е поголема, а со тоа и либидото. Зелените очи укажуваат на спонтаност и имагинација. Затоа, бидете подготвени на импровизиран состанок во време и место кога нема да очекувате. Овие мажи не секогаш се верни, го сакаат животот и возбудите и знаат да бидат многу комплицирани, но со нив никогаш нема да ви биде здодевно.

Прегледи:
514
Објавено на:
05.01.2019