Категории

Болката нема да помине преку ноќ – Еден ден само ќе се разбудите и ќе сфатите дека повеќе не е силна како порано

Посакувам да можам да ви кажам дека треба да направитe нешо на одреден начин. Дека треба да прочитате одредена книга или да одите на одредено патување. Дека ќе бидете наградени со момент на убавина што го менува вашиот живот, што ја отклучува среќата во вас, ако само го правите ова или она. Посакувам да можам да ви кажам дека ќе заздравите за четири месеци, или две недели, или следниот понеделник, ако навистина се обидете. Но не можам. Затоа што, ако научив нешто за продолжувањето напред, за отпуштањето, за да станеш личноста што сакаш да станеш – тоа се случува во најтивките моменти.

Растот се вовлекува во вас, тој ги длаби вашите сокриени делови, ве распукува одвнатре, и еден ден се будите и навистина се поврзувате со фактот дека сте среќни што сте ги отвориле очите. Еден ден се будите и се што чувствувате е интензивна љубов; речиси не знаете како да се справите со целата мекост што ви цвета од врвовите на прстите. Надежта се излева од вас и се прелива во се што ќе сретнете, во прегратките на вашите најсакани, во зборовите што ги пишувате и уметноста што ја создавате и длабочината на вашата смеа. Чувствувате дека сте среќни што сте живи и навистина не знаете како се случило, ниту кога се случило. Вие навистина не знаете каде се случила промената, ниту што е одговорно за тоа. Но, мислам дека никогаш нема да го направите тоа – затоа што среќата никогаш не беше нешто што ќе го најдете. Наместо тоа, таа беше нешто што ќе станете.

Прегледи:
96
Објавено на:
18.08.2021