Категории

Боровници – Моќна состојка во борбата против стареењето

Боровници – Ова здраво овошје со чудесна индиго боја е извор на витамин Ц, се користи како природен аспирин а се почесто се пронаоѓа и во производите за нега.

Познато е дека многу намирници имаат значајно место beauty индустријата, а еден од примерите се боровниците. Меѓу нивните главни адути се биофлавоноиди, супстанции кои се синтетизираат само во билките и се доста моќен антиоксиданс. Познати се по антиинфламаторните својства а се доста користи и за детоксикација. Кога ќе се најдат во кремите за лице, претставуваат одлична превенција за стареењето на кожата.

Антиоксидансите ги чуваат клетките од оксидативните оштетувања и забрзаното стареење кое е последица од делувањето на слободните радикали. Во препаратите наменети за проблематичн акожа, склона кон воспаленија и акни, флавоноидите се стават затоа што го забрзуваат нејзиното опоравување. Делуваат така што го смалуваат производството на молекули кои допринесуваат развој на воспалителна состојба.

Боровниците содржат и многу витамин Ц кој одамна се користи во производите за нега благодарение на силниот антиејџ и антиоксидансен ефект. Препаратите кои ги содржат ја штитат кожата од флеки, ја подобруваат хидратацијата и влијаат на природната синтеза на колагени со што го успоруваат стареењето.

Прегледи:
758
Објавено на:
24.10.2020