Категории

„Боже помогни ми!“ – Поучна приказна со силна порака

Ова е приказна за планинар кој силно сакал да се искачи на највисоката планина. Со години се подготвувал за ова искачување и конечно одлучил да појде сам, со цел, доколку успее да ја понесе сета слава за себе.
Почнал да се искачува. Се искачувал цел ден и продолжил кога почнал да паѓа мрак. Одлучил да продолжи и по мракот и покрај тоа што било исклучително опасно. Небото било прекриено со темни облаци и човекот едвај гледал прст пред очи. Полека и упорно се качувал кога одеднаш се сплеткал и со стреловита брзина почнал да паѓа низа планината. Чувствувал очајнички страв.

Кога веќе помислил дека ќе умре, одненадеш паѓањето се застанало и останал да виси на сигурносното јаже за кое бил заврзан. Висел во воздухот. Неговиот живот зависел од јажето. После неколку минути очајнички повикал: „Боже, помогни ми!“

Во себе тогаш чул глас кој му одговорил: „Што сакаш да направам?“

„Спаси ме Боже!“ – рекол човекот
„Навистина веруваш дека можам да те спасам?“
„Секако дека верувам!“
„Тогаш пресечи го јажето за кое си врзан.“
„Молам?!“
„Пресечи го јажето за кое си врзан.“

Настанала долга тишина. Човкеот на крајот сепак одлучил дека ќе остане да виси на јажето надевајќи се дека утрото ќе наиде некој или ќе може сам да ја согледа својата ситуација.
Се зборува дека следниот ден го пронашле планинарот мртов, замрзнат. Неговото тело висело на јажето кое грчевито се држело.. Само три метри од земјата.

Прегледи:
540
Објавено на:
15.12.2020