Категории

Божествено издание на идната кралица: Кејт Мидлтон на наградите BAFTA во фустан кој го носела и порано

Војвотката од Кембриџ и Принцот Вилијам беа почесни гости на доделувањето на наградите BAFTA,  а за оваа прилика, идната кралица избра фустан кој веќе го имала во нејзиниот гардеробер.

Долгата раскошна бела тоалета со светликави златни детали со потписот на модната куќа Alexander McQueen, веднаш се идзвои помеѓу толпата. Оваа тоалета војвотката за прв пат ја носеше во 2012 година на официјалната вечера во посета на Малезија.

Кејт во истиот фустан на официјалната посета на Малезија во 2012 година

За доделувањето на наградите, Кејт ја искомбинира со златни потпетици со светки со потписот на Jimmy Choo, и накит од личната колекција на Војвотката Камила од Корнвол.

Прекрасната кралска припадничка носеше елегантна собрана фризура а со целокупниот изглед остави најголем впечаток помеѓу бројните филмски ѕвезди на црвениот тепих.

 

Прегледи:
500
Објавено на:
08.02.2020