Категории

Божиќ е денот кога гледам назад на изминатата година и сфаќам низ што сум поминал и сепак сум тука

Божиќ не е само украсени борови, завиткани подароци и оние весели. Божиќ е нешто друго. Божиќ е момент на прифаќање на вашата најголема ранливост, знаејќи дека не постои идеален свет и дека ќе има многу кои ќе се обидат да ве повредат во тој свет. Но, знаете дека треба да останете силни, да не возвраќате и секогаш да гледате напред. Затоа што Божиќ е местото каде што треба да ја убиеш својата себичност, алчност, ароганција. Период кога што треба да ја воскреснете вашата едноставност, хуманост и добрина.

Божиќ не е некоја магија на светилките, туку знаење дека животот е тежок, но и вреден за живеење. И тоа ви покажува дека има многу работи кои нема да ги имате под контрола. И дека многу од вашите желби никогаш нема да се остварат. Но, нема да дозволите тоа да ве уништи. Затоа што ќе одите напред со вера. Следете некоја ѕвезда и имајте малку надеж. Божиќ е вашата одлука да не се откажувате кога ви е најтешко, да останете луѓе и кога многу околу вас ќе престанат да бидат. Тоа е Божиќ.

Прегледи:
398
Објавено на:
25.12.2021