Категории

Божиќната класика „All I Want For Christmas Is You“ после 25 години конечно на врвот

Божиќ без Мараја Кери и нејзиниот хит “All I Want For Christmas Is You” не би бил потполн.

Песната е објавена во далечната 1994 година и денес е божиќна класика без која празниците се незамисливи, а на светот веројатно не постои личност која не ја потпевнува во текот на овој период.

Интересен е податокот што песната до 2017 година, не влегла дури ни во Топ 10 Bilboard Hot 100 листата, а сега, после 25 години, конечно е на самиот врв и за прв пат стана број 1.
Овој успех го сподели и самата Мараја на својот твитер профил со натпис – „Успеавме!“

Песната е објавена во далечната 1994 година, како дел од албумот “Merry Christmas”, ја напиша Волтер Афанасеф а наводно настанала за само 15 минути. Кери до денес за оваа песна заработила повеќе од 60 милиони долари.

Прегледи:
333
Објавено на:
21.12.2019