Божјиот предлог – Мудра приказна

Си живеел еден човек кој имал пет деца. Секој ден му се жалел на Бог за тешкиот живот и лошите луѓе кои го опкружувале. Секогаш за своите проблеми го обвинувал Бог.

Си живеел еден човек кој имал пет деца. Секој ден му се жалел на Бог за тешкиот живот и лошите луѓе кои го опкружувале. Секогаш за своите проблеми го обвинувал Бог.

Зборувал: Зошто Боже го дозволи ова, зошто го дозволи она, зошто не ги казниш лошите луѓе, зошто не ја исчистиш земјата од крадците, лажговците, силувателите, убијците, измамниците.. за да можеме да живееме во мир. Зошто Боже не превземеш нешто?

Еден ден, Бог одлучил да го посети и да го замоли да му помогне да ја исчисти земјата од „лошите“ луѓе. Го поздравил и му рекол: Тешко ми е да слушам како секој ден ме обвинуваш мене за се, затоа имам еден предлог и молба за тебе.
Те молам помогни ми мене, а јас за возврат ќе ја исчистам земјата од лошите и злобни луѓе. Човекот целиот среќен извикал: Кажи ми што треба да направам, се ќе сторам, само да можам да живеам во мир.

Бог рекол: Морам од твоите пет деца да изберам четири за во рајот, а само едно за во пеколот. Тебе ги препуштам да избереш кое од нив ќе го пуштиш во пеколот.
Човекот целиот избезумен рекол: Па како би можел да одберам помеѓу своите деца кога сите ми се исти, сите ги сакам, сите ми се подеднакво драги. Каков Бог си ти? Како воопшто можеш од мене да бараш таква грозотија? Јас не го можам тоа, не сакам!

Бог се насмевнал и рекол: Јас ќе ти помогнам да избереш. Твојата најстара ќерка е непослушна и не можеме да ја наречеме добра девојка. Со неа имаш најмногу проблеми. Сакаш ли неа да ја испратиме во пеколот?
Човекот извикал: Не! Таа е мое дете, и неа ја сакам, нема врска што е злобна и непослушна, и да е најлоша на светот, и да убила некого, таа е мое дете и ја сакам како и сите мои деца. Иако не ми е драго што е таква, би сакал да е подобра, но не сакам да се откажам од неа, затоа што е мое дете.

Не барај од мене да ги жртвувам своите деца. Јас како татко не можам и не сакам да изберам. Ги сакам сите свои деца.

Бог го прегрнал и му рекол: Драго ми е што така размислуваш и што ги сакаш сите твои деца подеднакво, и оние добрите и оние помалку добрите. Знаеш, така ми е и мене. Тешко ми е да ја исчистам земјата затоа што сите вие сте мои деца и сите ве сакам, и добрите и лошите. И јас како Татко би сакал сите мои деца да се добри, но за жал не се. Зарем јас како татко можам да кренам рака на нив?

Како што ти не можеш да избереш помеѓу своите деца, така не можам ни јас.

Човекот се замислил над тие зборови и се засрамил што цело време го обвинувал Бог за лошите луѓе.




Коментари

[fbcomments]