Категории

Брачен пар направи куќа од контејнер за да можат да живеат без кредити

Додека планирале како да ја направат, Дејв претрпел големо крварење во мозокот што ја запрела целата изградба, но не сакале да се откажат од својот сон.
Истовремено ја оствариле својата замисла да живеат слободни од долгови и кредити но и домот да им биде единствен и помалку уметнички уреден.

Џејми и Дејв купиле два бродски контејнери, еден поголем од 12 метри а другиот помал од шест метри. Ги споиле во еден простор и речиси се во нив уредиле сами.

Погледнете колку прекрасно изгледа нивната куќа.

 

„Доаѓавме после работа и во викенди, секој слободен миг го користевме за градење и уредување, и така десет месеци. Работевме напорно и успеавме“ – раскажува Џејми.

Сега живеат опкружени со природа. Пред куќата имаат голем простран двор, градина и пластеник.

Додека планирале како да ја изградат, Дејв претрпел големо крварење во мозокот, што го застанало целиот процес на некое време, но сепак не се откажале од својот сон.

„Беше толку нестрплив да продолжи со работата на куќата што во болничкиот кревет повторуваше немам време за ова, морам да го завршам нашиот дом.“

Откако Дејв се опоравил, продолжиле со градењето а како што вели самиот тој, градбата му помогнала полесно да се опорави физички и психички.