Брачен пар во Индонезија го крстил детето Гугл

Родителите на своето бебе во Индонезија му го дале името Гугл, токму по најпознатиот интернет пребарувач.

Желбата детето кое сега има 8 месеци да се вика Гугл била на таткото Андија Сапутра.
Пред да се одлучи за ова необично име, детето можело да добие традиционални имиња типични за Индонезија, како Албар, Путра или Диргантра. Тоа се имиња кои се појавуваат во Куранот.
Сепак, таткото се одлучил за помодерен пристап, па ја пребарувал модерната технолошка архива и тогаш добил идеја синот да го крсти по познатиот интернет пребарувач.
Таткото признава дека сопругата на почетокот не се согласувала со идејата, но со текот на времето се согласила и сама увидела дека тоа е добра идеја.


Локалните медиуми пренесуваат дека мајката Ела Карин во почетокот се срамела и не сакала да го открие името на своето дете, но по 3 месеци се предомислила.
Во меѓувреме создала силна врска со малиот Гугл и истакнува дека се надева дека нејзиниот син ќе биде лидер на повеќето луѓе, токму заради своето необично име.
На прашањето зошто во матичната книшка не постои уште некој додаток на името и зошто нема презиме, гордите родители истакнале дека не сакаат да го расипат значењето на посебното име на детето.
„Му кажав на татко ми дека Гугл е име со големо значење и дека се надевам дека нашиот Гугл ќе им помогне на многу луѓе да станат корисни личности“, истакнал таткото на детето.




Коментари

коментари