Категории

Браво! Она што и го приреди таткото на својата ќерка за празниците го воодушеви светот!

Кога сфатил дека неговата ќерка ќе ги помине празниците работејќи. овој татко смислил брилијантен план за да биде со неа.


Никој не сака да работи за Божиќ. Пропуштате одлична храна, дружење со семејството, а и самиот факт дека вие работите додека другите одмораат воопшто не ви оди во прилог.

Таков бил случајот и со стјуардесата на авио-компанијата Делта која работела на шест летови во текот на Бадник и Божиќ.

Сепак, нејзиниот татко, кој бил очаен поради тоа, не дозволил таа да го прескокне дружењето со семејството, па така купил карти за сите шест летови на кои работела неговата ќерка.

„Најдобриот Божиќ кој сум го имал досега“, напишал на фејсбук гордиот татко, а неговата ќерка била воодушевена.

Прегледи:
490
Објавено на:
02.01.2019