Бразилската секс-бомба Адриана Лима, вчеравечер се збогува со Victoria’s Secret на годишната ревија во Њујорк

Бразилската убавица по ги извади крилјата по 19 години. И покрај фактот што има 37 години, Адриана Лима и понатаму е една од најубавите жени во светот, а на нејзиниот изглед и завидуваат и многу помлади убавици. Освен тоа, таа е една од главните ѕвезди на брендот Victoria’s Secret, носејќи ја нивната долна облека и крила полни 18 години.

Но, по завршувањето на годишната ревија во Њујорк, Адриана одлучила засекогаш да ги извади крилјата и да остане запаметена како убавица со најмногу изработени ревии за овој бренд. Во текот на финалното излегување црнокосата заводничка не можела да ги задржи своите солзи, а брендот и се заблагодарил за сѐ што направила за нив, доделувајќи и ја честа да го затвори шоуто.

Адриана ќе продолжи да работи бидејќи сѐ уште е барана во светот на модата, но ќе има малку повеќе време за приватниот живот – ќерките кои ги доби во бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ, како и своето момче турскиот писател Метин Хара. Иако се шпекулираше дека нивната врска е маркетиншки трик, нивните профили на Инстаграм го говорат спротивното.

Во секој случај, Адриана Лима од  Vistoria’s Secret си оди во висок стил! Во тоа уверете се во галеријата од вчерашната ревија.




Коментари

коментари