Категории

Бред Пит сака да се откаже од актерството

Бред Пит, еден од омилените холивудски актери, сака да го напушти актерството.

Бред Пит изјавил дека после филмот „Беше еднаш во Холивуд“ сака да се повлече од актерството. Тој признал дека Холивуд е „игра за младите“.
Меѓутоа, овој талентиран уметник не планира во целост да го напушти светот на кинематографијата, туку сака да се фокусира на продукцијата.
„Навистина уживам кога сум пред камерите, од продуцентска страна“, изјавил Бред, додавајќи:
„Се помалку глумам. Навистина мислам дека тоа е игра за млади, не велам дека нема место за постарите ликови, само сметам дека тоа приордно оди така. Сакам да има место за сите. Но може да сум „диносаурус“, а да не сум ни свесен за тоа. А кометата би можела да ја удри секоја чаша“, истакнал Бред додавајќи дека е љубопитен каква ќе биде иднината на филмот и кој „облик“ ќе го има на крај.
Последниот проект на овој 50 годишен актер е филмот „Беше еднаш во Холивуд“, каде што глумат и Маргот Роби и Леонардо Дикапрдио.

Прегледи:
615
Објавено на:
07.07.2019