Бред Пит со шокантни признанија за неговиот приватен живот и разводот со Анџелина Џоли -„Користев дрога и алкохол се додека не го допрев дното“

Холивудскиот шармер Бред Пит кој заедно со Анџелина Џоли ја претставуваа „златна двојка“ во Холивуд, долго после нивниот шокантен развод се отвори за јавноста и проговори за својот приватен живот.


Откако пред неколку години осамна веста дека се разделуваат, актерите се повлекоа од јавниот живот оставајќи милион прашања завиени во мистерија околу тоа што точно се случи помеѓу нив што довело најобожаваната двојка во Холивуд да одлучи да се раздели.
После долг период тие повторно се вратија во фокусот, после долги години надвор од очите на јавноста актерката направи голем камбек со продолжението на епската бајка „Maleficient – Mistress of Evil“, додека актерот деновиве го промовира својот нов хит филм „Once Upon A Time in Hollywood..“. После 14 години заеднички живот со актерката, Бред Пит одлучи да се отвори и да ги сподели своите најмрачни тајни за кои никој досега не знаел.

Оскаровецот сподели искрени исповеди дека разводот претставувал најтешкиот период во неговиот живот кога побарал прибежиште во алкохолот и дрогата. Но тој откри дека неговата зависност не се јавила после разводот туку започнала многу порано а тој воопшто не бил свесен за тоа а капката која ја прелила чашата била кога се опивал пред неговите деца додека летале во приватен авион што довело Анџелина да ги пополни документите за развод.

 


„Ги зедов работите во свои раце и одлучив да ставам крај на мојата зависност!“
Актерот откри дека 18 месеци одел на терапии во приватно здружение за зависници каде можел да разговара за своите потешкотии без да биде осудуван.
„Разговорот со останатите луѓе кои патат од истиот проблем како и јас направи да престанам да се осудувам себеси“

55-годишниот актер вели дека славата имала голем удел во тоа што почнал да конзумира наркотични сретства:

„Бев во екот на својата слава и вниманието воопшто не ми годеше.“
„Веќе една година сум чист и среќен поради тоа. Го допрев дното а поради тоа ја изгубив мојата фамилија.“ – сподели актерот.

После разводот тој и Анџелина постигнаа заеднички договор врз старателството на нивните деца.




Коментари

коментари