Категории

Брутално искрена објава за вистината со која треба да се соочите ако земате куче

Земањето куче не смее да биде брза одлука. Треба навистина долго да размислите пред да земете, бидејќи тоа е како да додавате нов член во вашето семејство.

Писателката Британи Таркингтон на својот Facebook профил напиша брутално искрена објава, која ја открива вистината со која мора да се соочите ако земате куче. Таа имала 12-годишно кученце кое се викало Вини и кое починало поради здравствени проблеми поврзани со старост, и решила дека навистина треба ова да го сподели со светот. Погледнете го подоле преводот од објавата:

Пред да го земете тоа слатко куче полно со живот, замислете се себеси 10+ години од сега.

Ако вашата визија не ве вклучува вас во костим за капење, каде што влегувате во када со вашето остарено куче, бидејќи има лош ден и е уплашена – не земајте куче.

Ако не можете да се замислите себеси каде што чистите по нив додека се болни – не земајте куче.

Ако се смеете на помислата дека ќе готвите специјални оброци само затоа што кучето нема да сака да јаде ништо друго – не земајте куче.

Ако не би седеле будни цела вечер само за да се осигурате дека уште дишат и имаат се’ што им е потребно – не земајте куче.

Ако не можете да се соочите со одлуката со која што јас ќе мора да се соочам брзо – не земајте куче.

Не беше отсекогаш ваква стара бабичка со комплицирани барања. Пред 12 години беше кутре, а јас бев средношколка. Таа беше хиперактивна, здрава и полна со живот. Не беше секогаш вака.

Ако не можете да се соочите со крајот на животот, не земајте куче.

Вини починала подоцна истиот ден откако Британи ја напишала објавата.

 

 

Прегледи:
473
Категории:
Мисла на денот
Објавено на:
17.09.2020