Категории

BRYAN ADAMS ДОАЃА ВО СКОПЈЕ!

Авалон Продукција на големо задоволство на публиката го најавуваат нивниот финален светски проект за оваа историска концертна година во Македонија, која во моментов е вистинска европска концертна велесила.

„После Lenny Kravitz, Sting и Eros Ramazzotti, во Скопје доаѓа еден од најголемите mainstream артисти на светот на сите времиња, човекот со безброј хитови и истовремено големи песни- BRYAN ADAMS!

На 13-ти ноември (денот кога градот секако слави) во Скопје за прв пат во живо ќе се слушнат „Summer of 69“, „Heaven“, „Please Forgive me“, „Everything I do (I do for you)“, „Have You Ever Really Loved a Woman“ и многу други.

BRYAN ADAMS доаѓа во Скопје во рамки на големата светска „Shine a light“ турнеја наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот“, најавуваат од Авалон Продукција.

Сите детали околу цените на влезниците ќе бидат познати вечер во 21 часот, а истите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10-ти јуни во 9 часот наутро.