Категории

Брз ролат со банани: Целото семејство ќе ужива во овој десерт! (РЕЦЕПТ)

Брзите десерти се секогаш најдобри. Тие доаѓаат како некој подарок. Не валкаме многу садови, а десертот е подготвен за половина час

 

Потребно е:

  • 3 пакувања бисквити
  • 2 пудинга од карамела
  • 20 гр. путер
  • 500 мл. млеко
  • 200 мл. млеко за бисквитите
  • 3 лажици шеќер за пудингот
  • 100 мл. павлака
  • 2 банани
  • 1 ванилин шеќер

 

Подготовка:

Потопете ги бисквитите во млеко и ставете ги на фолија во три реда. Пригответе го пудингот и ставете го исецканиот путер во млекото. Врелиот пудинг истурете го врз бисквитите. Наредете ги бананите, а потоа завиткајте го ролатот со помош на фолијата.

Затегнете ја фолијата цврсто. Оставете го ролатот најмалку 3 часа во ладилник. Изматете ја слатката павлака и премачкајте го ролатот. Можете да декорирате со рендано чоколадо одозгора. Повторно ставете го во ладилник 3-4 часа, па послужете.

Прегледи:
1139
Објавено на:
04.03.2020