Категории

Брз ролат со јагоди: Лесен десерт идеален за пролетните денови! (РЕЦЕПТ)

Уживајте во овој совршен десерт!

Состојки:

  • 200 гр јагоди
  • 200 мл слатка павлака
  • 5 јајца
  • 4 лажички брашно
  • 1 лажичка какао
  • 20 мл млеко
  • 2 лажички масло
  • 1/2 прашок за пециво
  • 3 лажици шеќер
  • 5 г желатин
Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете брашно со прашокот за пециво и какао. Додадете млеко, масло и измешајте. Разлијте го во голем плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Печете на 190 степени 15-20 минути. Откако ќе го извадите замотајте го ролатот. Изматете ја слатката павлака, па ставете го желатинот според упатството на кесичката. Соединете ги состојките. Оладениот ролат премачкајте го со слатката павлака. Во долниот дел наредете ги исчистените и измиените јагоди во фолија и крпа и оставете ги неколку часа во фрижидер.

Прегледи:
557
Објавено на:
28.04.2020