Категории

Брза, едноставна и вкусна: Посна овошна торта (РЕЦЕПТ)

Сигурни сме дека ќе ви се допадне овој преубав рецепт од бабината кујна. 

Состојки:

  • 400 гр посен кекс
  • 250 гр маргарин
  • 200 гр шеќер во прав
  • 200 гр желе бонбони
  • 6 банани
  • 300 гр шлаг
  • 200 гр овошје (киви)

Подготовка:  

Кексот издробете го ситно. Кивите исчистете ги на коцки и додадете го кексот. Желето исто така исечкајте го на коцки како и бананите и тоа додадете го на кексот. Во кексот додадете и сок. Маргаринот измешајте го со шеќер во прав за да добиете пена.

Додадете го кексот и сето тоа измешајте го добро. Истурете го во послужавник и добро изедначете. Одозгора може да украсите со чоколадна глазура. Оставете да преноќи во фрижидер.

Прегледи:
2591
Објавено на:
10.12.2018