Брза компир салата за секоја пригода (РЕЦЕПТ)

Потполно нова компир салата каква што досега не сте пробале. Компир салатата може да биде многу подобра од онаа на која сте навикнале ако ја направите по овој рецепт. А тоа не би требало да биде тешко, а ниту пак да ви одземе многу време.

Состојки:

  • 18 мали црвени млади компири
  • 200 г сечкан кромид
  • 400 г мајонез
  • 100 мл кисела павлака
  • 50 г шеќер
  • 50 г оцет
  • 2 лажички сенф
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка семе од целер

Подготовка:

Ставете голем лонец со вода на рингла да зоврие. Ставете ги во водата младите компири и намалете ја температурата. Варете 20 минути. Не ги лупете туку само исечкајте ги на коцки. Додадете го кромидот и останатите состојки и измешајте убаво. Оставете ја салатата да се лади час до два. Сервирајте и уживајте.




Коментари

коментари