Категории

Брзи јапонски палачинки: Меки како памук, сочни како лубеница!

Јапонските палачинки потсетуваат на американските, но се двојно подебели, а тестото е трипати помеко

Состојки:

  • 2 јајца
  • ¾ чаша млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 2/3 чаши брашно
  • 1 ¾ лажичка прашок за пециво
  • 3 лажици шеќер

 

Подготовка:

  • Во поголем сад изматете ги јајцата со млекото и ванилата.
  • Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и шеќерот и додајте ги во течната смеса.
  • Оставете ја сместа за палачинки да отстои околу 15 минути.
  • Ставете голема тава со малку масло на шпоретот.
  • Истурете дел од тестото (околу една четвртина од тестото) и почекајте додека не се појават меурчиња. Тогаш палачинките се подготвени да се свртат.
  • Кога ќе се испржат и од другата страна, палачинките сервирајте ги со сируп, овошје или – типично јапонски – со путер.
Прегледи:
586
Објавено на:
07.12.2019