Категории

Брзо и вкусно: Похован домат – одличен додаток за сендвичи (РЕЦЕПТ)

Похован домат е одличен додаток на вашите сендвичи за појадок или вечера. Исто така, може да послужи и како прилог на месо или главно јадење наместо салата. 

Состојки:

  • 2 домат
  • 2 јајца
  • 150 г брашно
  • 150 г презла
  • сол
  • лук во прав по желба
  • 150 мл масло за пржење

Подготовка:

Исечете го доматот на подебели кругови, посолете ги и ставете ги на хартија за печење. Доволно е пет минути да се апсорбира течноста која доматот ја испушта.

За тоа време изматете јајца и малку посолете ги и во една чинија ставете брашно и презла и ако сакате во презлата измешајте половина лажичка лук во прав.

Доматот ставете го во брашно, јајца, презла.

Пржете на средна температура, една минута од едната па една минута од другата страна.

Прегледи:
544
Објавено на:
29.09.2021