Будокон јога: Зошто овој стил е посебен за вашиот ум?

Освен за физичкиот изглед, будокон јогата помага и за стимулирање на мислите…

Будокон јога е една од помладите стилови на јогата основана од Камерон Шејн. Таа претставува необичен предизвик бидејќи комбинира воени вештини, јога и движења инспирирани од животни, пишува Стил.

 

Камерон Шејн вежба јога од 1983 година, а во 2001 година го основа универзитетот Будикон. Тој се опишува себеси како „уметник, писател, иноватор, основач на движењето, ослободител, татко, светец, набљудувач на непознатото, истерувач на глупавоста, а неговите студенти се „уметници, олимпијци, филмски и рок sвезди“.

 

Неговото мото е: „Како што нешто правиме, така правиме сè“.

 

Будикон позитивно го менува квалитетот на начинот на кој што се движите, начинот на кој размислувате, начинот на кој комуницирате и начинот на кој живеете.

 




Коментари

коментари