Категории

Бурите во животот не се појавуваат за да уништат, туку за да го избистрат нашето небо

Кога во нашиот живот ќе почнат да беснеат бури, дури тогаш почнуваме да го цениме сонцето кое се крие позади нив

Само тогаш дознаваме дека и колку да е тешко најдоброто нешто кое можеме да го направиме е да ги пуштиме нештата кои не можеме да ги промениме да бидат тоа што се. Да ги прифатиме и веруваме дека сето тоа води кон нешто многу подобро.

Само во најмрачните бурни ноќи сфаќаме колку вреди топлината на сонцето. Колку време сме губеле на нешта кои немале значење наместо да се насочиме на сето она од кое зависи нашиот живот. Сме избирале страв наместо соочување. Сме избирале убава лага наместо сурова вистина, и потоа кога сме се соочиле со последиците од разубавената реалност, болело многу повеќе отколку што би не повредила суровата вистина.

Бурите во животот не се појавуваат за да управуваат со нас. Тие ни донесуваат избор во кој самите имаме можност да одлучиме: или ќе станеме борци или ќе бидеме губитници.
Бурите доаѓаат за да не натераат да се соочиме со самите себеси.

Кога еднаш ќе завршат, она што останува на површина се сите нешта кои длабоко сме ги потиснувале во себеси, нешта од кои долго време сме бегале и сме се плашеле да се соочиме. Тогаш веќе се е многу појасно. Појасно го гледаме животот и појасно гледаме на сето она кое што го поседуваме.

Бурите во животот не се појавуваат за да уништат, туку за да го избистрат нашето небо!