Чај од ѓумбир и куркума – неверојатно добар за вашето здравје

Моќен напиток од ѓумбир и кукрума, кој ќе ве стопли во ладните денови и е неверојатно добар за вашето здравје.

Поради неговите силни анти-воспалителни, анти-паразитски, анти-вирусни и анти-бактериски својства, ѓумбирот се смета за една од најмоќната храна на 21-от век.

Ѓумбирот е богат со витамин Ц, магнезиум и други минерали кои го прават  исклучително корисен за вашието целокупно здравје. Тој е добро познат за подобрување на варењето на храната и имунитетот, ослободување на болката и борбата против кардиоваскуларни заболувања, астма и многу други здравствени проблеми.

Чаша топол чај од ѓумбир ќе ви донесе многу придобивки од било кој друг пијалок, како на пример:

  • ѓумбирот се бори против инфекции и го зајакнува имунолошкиот систем, бидејќи е богат со антиоксиданси;
  • ефикасен лек против вирусот кој предизвикува грип, настинки и омалаксаност;
  • поради затоплувачките својства, ѓумбирот може да ја подобри циркулацијата, како и подобра апсорпција на кислород, витамини и минерали;
  • ги ублажува болките, помага за болка во мускулите, студ, грип и главоболка;
  • има способност да го намали ризикот од мозочен удар.

Потребни состојки за чај од ѓумбир:

  • органски мед
  • ¼ лажичка мелен ѓумбир
  • ¼ лажичка мелена куркума
  • кокосово млеко
  • Една чаша вода

Начинот на подготовка:
Подготовката на чајот е лесна. Прво, се вари водата, се додава куркумата и ѓумбирот и се остава да врие за 7-10 минути. Потоа се додава млекото и се прецедува.

Може да се користат свежи состојки, коренот од ѓумбир и кукркума може да се најдат во подобро снабдени маркети, може да се направи комбинација и од свеж ѓумбир и кукрума во прав. Изборот е ваш, а количината на состојките кои ги употребувате нека зависи од вашиот вкус.

Не е неопходно да се користи кокосово млеко, може да се подготви само со вода. Доколку сакате да ставите млеко, употребете некое од растително потекло, избегнувајте го млекото од животинско потекло.

Наздравје!




Коментари

коментари