Категории

Calvin Klein и Tommy Hilfiger пиеја македонско вино во Њујорк

На настанот кој минатата недела се одржа во Њујорк во организација на познатата модна дизајнерка Дона Каран и Фондацијата „Urban Zen“ се служеа македонски вина!

Настанот беше од хуманитарен карактер под името „Stephan Weiss Apple Awards“ и на истиот присуствуваа звучни имиња од областа на модата, забавата, политиката, филмската и музичката индустрија меѓу кои Дона Каран, Келвин Клајн, Томи Хилфигер, Кит Ричардс, Џими Нелсон, Иман, Хелена Кристенсен, Бернадет Питерс, Росана Ското, Кристи Турлингтон, итн.

Здружението Вина од Македонија (Wines of Macedonia) беше спонзор на престижниот настан, a учество земаа македонските винарии со своите премиум вина и кои имаа одлична можност да се промовираат пред џет-сет посетителите за време на коктелот и вечерата. Гостите навистина уживаа во префинетиот вкус на нашите најквалитетни и наградувани вина, а повеќе од атмосферата можете да погледнете на фотографиите подолу.

Минатата недела се одржаа и промоциите на Вина од Македонија со поддршка на Министерството за Земјоделство, шумарство и водостопанство а за чија организација беше ангажирана македонската маркетинг агенција Creative House која има своја канцеларија во Њујорк, и помогна во организација на спонзорството за овој хуманитарен настан:

„На ексклузивните вински настани за презентација на македонското вино учествуваа македонските винарии кои ги претставија своите најдобри производи пред реномирани личности од областа на винската индустрија, а дополнителна значајна улога во овие промоции претставуваше и овој хуманитарен настан. Ова беше одлична можност за нашите винарии да ги промовираат своите производи пред американскиот џет сет и придонесува во градењето на имиџот на Македонија како винска земја.“ – изјави Елена Младеновска Јелековиќ, извршен директор на Здружението и изрази голема благодарност до агенцијата Creative House која помогна во реализацијата на оваа дополнителна дегустација.

„Ги искористивме нашите релации во Њујорк и успеавме да обезбедиме влез на македонските вина на овој престижен настан и ни преставува особено задоволство што бевме дел од ова важно хуманитарно случување во Њујорк.“ – изјави Мики Павлов, сопственик на маркетинг агенцијата Creative House во Њујорк.

Настанот „Stephan Weiss Apple Awards“ се одржува традиционално од 2011 година, а главната цел е да ги признае и истакне хуманитарните дела од доменот во кој работи „Urban Zen“ Фондацијата, односно здравството, образованието и културата.