Категории

Calvin Klein – убавина која не познава раси, години, и величини

После лансирањето на машката колекција на долна облека чие заштитно лице е Махершала Али, овогодинешниот добитник на Оскар за споредна машка улога во филмот “Moonlight”, американскиот моден бренд Calvin Klein ја претстави и кампањата за женската линија која ја осмисли, фотографира и режира познатата холивудска филмска директорка Софија Копола. Према зборовите на истакнатата уметничка во основната на кампањата се наоѓа идеата за моќта, убавината и сензуалноста на женското тело кое не познава одредници како раса,величина и годишна доба. После нејзината најголема муза Кристен Данст, во црно-белиот едиторијал се појавуваат и актерките Рашида Џоунс, Маја Хоук и Чејс Суи Вондер, како и легендарната 73-годишна манекенка Лорен Хатон. Со оваа кампања брендот најави дека официјално ја започнува револуцијата во светот на модната политика и веќе го одбра својот нов амбасадор.

https://www.youtube.com/watch?v=6R2ScktVuHs

Прегледи:
261
Објавено на:
24.04.2017