Central Park summer club ја продолжува летната агенда со познати музички имиња од регионот!

Во изминатиот период, најпопуларната летна дискотека во Скопје, „Central Park summer club“ беше домаќин на најпознатите музички имиња од регионот, а во периодот кој следи продолжува со исто темпо.

По долгоочекуваниот настап на Џенан Лончаревиќ кој ќе се одржи утре, следуваат уште многу викенди исполнети со забава. За таа цел, со задоволство го најавуваме младиот и харизматичен Мирза Селимовиќ кој ќе ја забавува скопската публика на 15. септември. Јавноста го запозна по неговата победа во осмата сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а оттогаш ја забавува публиката на своите многубројни настапи. Тој досега има издадено повеќе песни меѓу кои: Mjesto Zlocina, Da Se Opet Rodim , Imash Me , Bolish Me и многу други хитови кои ќе бидат дел од неговиот репертоар во „Central Park summer club“ на 15. септември.

Картите за овој спектакуларен настан можете да ги купите во претпродажба на mktickets.mk по цена од 200 денари, а за резервација и повеќе информации јавете се на телефонскиот број: 071/ 273 244. Бидете и вие дел од најдобрата забава во градот овој и секој нареден викенд од летната сезона!




Коментари

коментари