Категории

Чај од мандарина за витка линија

Мандарините се богати со витамин Ц, го штитат нашиот имунитет во сезоната на настинки, помагаат да ја одржиме витката линија и севкупно се доста вкусни.
Во 100 гр. мандарини има само 34 калории, а 30 мг витамин Ц, што е двојно повеќе од портокалот, а со разградување на бета-каротенот добиваме витамин А, кој е доста важен за добриот вид и убавата кожа.

Накратко, мандарините се суперхрана и нивната сезона треба да се искористи на сите можни начини.

Денес ќе ви откриеме како да добиете уште една бенефиција од ова одлично овошје – како да ги искористите како чај.

Мандарината и црниот чај спаѓаат помеѓу силни оксиданси и се идеални за витка линија, додека циметот ги ублажува дигестивните проблеми и исто така помага при слабеењето. Токму ова три од состојки прави чуда за вашата линија па поради тоа искористете го добро ова време на мандарините.

РЕЦЕПТ ЗА ЧАЈ ОД МАНДАРИНИ:
Загрејте вода додека не зоврие и во неа додадете свежо исцеден сок од мандарина, мед, цимет и каранфилче.
Варете на оган се додека повторно не зовие и измешајте добро. Отстранете од оган и додадете вреќичка црн чај. После 5 минути извадете ја кесичката чајот е подготвен за пиење.

Прегледи:
272
Објавено на:
04.11.2020