Чак Норис прозборе за најтешките моменти во животот: За неа се откажав од кариерата

Чак Норис е познат по легендарните филмови, боречки вештини, а за него се направени и многу анегдоти. Тој ја откри нежната и емотивна страна и призна зошто се откажал од кариерата.

Неговата сопруга Џина имала ревматски артритис поради што секоја недела била на магнетна резонанца. Докторите во текот на третманот по вообичаена постапка и вбризгувале боја за контраст, а тоа ќе ја доведело до смрт.

 Таа чувствувала болка, умор, исцрпеност, и имала проблеми со централниот нервен систем. Тоа биле тешки моменти за семејството.

77-годишниот актер изјавил дека се откажал од кариерата за да и се посвети на сопругата која се чувствувала се полошо и речиси била на смрттна постела.

Инаку тој ја тужеше и фармацевтската компанија за контрастот кој според него ја влошил состојбата на сопругата.




Коментари

[fbcomments]