Chanel ја отвори неделата на високата мода со ревија под Ајфеловата кула

Од големата Алфелова кула па се до првите редови исполнети со познати звезди, денес Chanel повторно го превзеде Grand Palais во Париз каде ја претстави колекцијата за есен 2017 од високата мода.

Инспирирана од домот на легендарната модна куќа, моделите чекореа под големата реплика на Ајфеловата куќа претворена во модна писта.. Француските ретро кроеви и материјали доминираа во оваа колекција а како ‘јагода на шлагот’ Карл Лагерфилд ги додаде популарните шапки boater кој грандиозно го најавија враќањето на трендовите од 20-от век.

Колекцијата во главно се состоеше од темна палета на сиви и црни и нијанси, првите 25 креации беа во сиви тонови додека се до крајот тие стануваа се потемни се до црни, на крајот беа претставени неколку креации во бела боја кои наликуваа на венчаници.  На крајот од ревијата на Лагерфилд му беше врачена награда за најголемо признание во Париз – мајор на градот. Најголемото одликување за неговата работа во француската престолнина.




Коментари

коментари