Категории

Чанти во облик на топки, парфеми, секири. Нов тренд кој ги воодушеви познатите дами (фото)

Се сеќавате кога сите ги заменија „oversize“ торбите со минијатурни ташнички во кои го собира само телефонот и карминот и ништо повеќе?

Дизајнерите долг период беа инспирирани од овој тренд и се натпреваруваа кој ќе смисли помала и послатка чанта, а во комбинација со бојата на чевлите. Сега се случува нешто сосема поинакво! Повеќе не се популарни ни малите, ни големите чанти. Моментално фокусот е на несекојдневните модни додатоци кои буквално ја разбиваат монотонијата на секој стајлинг.

Така и Ким Кардашијан е видена со торбичка во облик на помфрит и оттогаш секој сака својата омилена играчка, храна, парфем да ја понесе со себе во облик на моден додаток.

Прегледи:
356
Објавено на:
04.09.2018