Чанти во облик на топки, парфеми, секири: Нов тренд кој ги воодушеви познатите дами! (ФОТО)

Се сеќавате кога сите ги заменија „oversize“ торбите со минијатурни ташнички во кои го собира само телефонот и карминот и ништо повеќе?

Дизајнерите долг период беа инспирирани од овој тренд и се натпреваруваа кој ќе смисли помала и послатка чанта, а во комбинација со бојата на чевлите. Сега се случува нешто сосема поинакво! Повеќе не се популарни ни малите, ни големите чанти. Моментално фокусот е на несекојдневните модни додатоци кои буквално ја разбиваат монотонијата на секој стајлинг.

Така и Ким Кардашијан е видена со торбичка во облик на помфрит и оттогаш секој сака својата омилена играчка, храна, парфем да ја понесе со себе во облик на моден додаток.




Коментари

коментари