Категории

Чаша вино пред спиење: Истражувањето открива како алкохолот влијае на спиењето

Многу пати сме слушнале дека чаша вино пред спиење е добра идеја, а сега ви откриваме дали е тоа навистина така или е само народен мит

Навиката да се напиеме чаша вино или пиво во вечерните часови за подобар сон е широко распространета, бидејќи секоја втора возрасна личност има проблем со несоница. Меѓутоа, тоа е апсолутна самоизмама, затоа што оние што патат од несоница и мала количина на алкохол предизвикува спротивен ефект, според истражувањето на германскиот универзитет во Регенсбург.

 

Точно е дека консумирањето на алкохол после час и час и половина овозможува пријатна релаксација и чувство на замор, односно предизвикува брзо потонување во сон. Но, здравиот сон подразбира неколку фази. Прво, фазата пред спиење, потоа фазата на лесен, па длабок сон и на крај парадоксален сон. Под влијание на алкохол, овие фази се значително нарушени, предупредуваат германските експерти.

 

Во првата половина на ноќта, лицето спие како во кома и не може да се опорави. Наутро, сонот е немирен, па се случува  да се разбудите премногу рано и повеќе да не може да заспиете. Тогаш мозокот не е во состојба да собере нова енергија и тогаш не се чувствувате способни за работните обврски наутро. Затоа, подобро е да се консумира лесна храна наместо алкохол.

Прегледи:
641
Објавено на:
29.12.2019