Категории

Чекорете кон вашата цел и кога патот е рамен и кога е полн со пречки

Цената на успехот и величината не е да се предадеме кога ќе добиеме порази, туку да веруваме дека тие се таму само сега и поради некоја причина.

Цената на величината е да ја споделите позитивноста дури и кога сте во море од проблеми затоа што знаете дека сокривањето во глувчешката дупка и труењето со негативност не може да доведе до позитивни промени. Тајната е во тоа да сфатиме дека среќата е нешто на која треба да се работи, а не нешто што доаѓа само по себе случајно. Треба да им бидеме благодарни и на оние затворени врати зад нас, бидејќи тие ни покажаа кон другата врата каде што некој секогаш не чекач, но ние не го видовме затоа што ги гледавме кон оние затворените. Цената на величината е да се прифати повредата како начин на растење, а не како начин на одмазда, бидејќи животот не секогаш нè учи на начинот на кој ни годи, туку на начинот на кој навистина учиме нешто длабоко и вистинито.

Цената на величината е да сфатиме дека не сме совршени и да престанеме да се преправаме дека сме тоа што сме, а уште повеќе да прифатиме дека другите се еднакви на нас и да престанеме да очекуваме нешто од нив што ние самите никогаш не би го давале или не би го направиле. Секој човек сака да е голем, успешен, непобедлив, но треба да работи на тоа, треба да гори за тоа, тоа не се случува само по себе, ниту, пак, човекот е роден со тоа. Едноставно, тоа е серија одлуки што ги донесуваме како и моделите на однесување што следат. Нашата длабока желба е да сториме нешто со нашите животи, да го поплочиме патот по кој никој не одел. Откако ќе го постигнеме тоа, ќе почувствуваме мир, бидејќи во крајна линија мирот е таа величина за која се трудевме цел живот.

Прегледи:
493
Објавено на:
15.02.2021