Честитки за Блејк Лајвли и Рајан Ренолодс кои го добија своето второ дете

Еден од најубавите холивудски парови, омилената озборувачка Блејк Лајвли и еден од најпосакуваните глумци Рајан Ренолдс, го добија своето второ дете.

blake-20lively

Магазинот People известува за убавите новости, но сеуште не се познати детали за детето, за полот и тежината, ниту пак името.

Првото дете, ќерката Џејмс ја добија во декември 2014 година, а оваа пролет се обелодени втората бременост, а Блејк од тогаш па до сега блескаше и изгледаше одлично на и надвор од црвениот килим, со нејзиниот беспрекорен стил.

После првата бременост Блејк изјави „Мислам дека телото на жената после бременоста е неверојатно. Не треба да си супер модел или пак веднаш да изгледаш совршено, само што го направи најневеројатното нешто на светот, роди дете. Па сосема во ред на тоа да биде фокусот.“




Коментари

[fbcomments]