„Читај повеќе, биди повеќе“: Здружението „Златно перо“ ја промовираше и подари 100 сликовници од „Радосница“

Во детската градинка „ВТОРИ СЕПТЕМВРИ“, Демир Хисар, од страна на Здружението „Златно перо“ – Битола беше промовирана и подарени 100 сликовници од „Радосница“.

Радосница е сликовница со песнички, а целта на нивната посета беше отпочнување на акција „Читај повеќе, биди повеќе“, сѐ со цел децата од најрана возраст да го засакаат читањето.

„Златно Перо“ е здружение кое се занимава со издаваштво на книги за деца и млади во печатена и е-форма, организација на работилници за личен раст и развој, организатор на многу поетски читања со цел јакнење на современата македонска литература и дава шанса на многу млади писатели да го истакнат својот потенцијал. Нивната мисија, визија и крајна цел е јакнење на ентузијазмот на младите како движечка сила во едно општество.




Коментари

коментари